Брз викенд десерт: Сочна Орео торта од само 3 состојки (видео)
-->
Социјалните мрежи се место каде масовно се споделуваат рецепти за брзи десерти, што не одземаат премногу време, а сепак ви озвозможуваат да сервирате нешто што сте го направиле сами.
Оваа брза торта ќе ја подготвите за само 15 минути, а за неа ќе ви бидат потребни само 3 состојки и никој нема да верува дека сте ја направиле сами.
-->
Оние што ја пробале, коментираат дека им се допаѓа совршениот спој од крцкави Орео колачиња и богатиот фил од чоколадо.
Како да ја подготвите оваа брза торта?
Потребни состојки:
- 400g млечна чоколада;
- 300ml слатка павлака;
- 300g Oreo колачиња (150g за пандишпан и 150g за филот).
Начин на подготовка:
- Чоколадата и слатката павлака се ставаат во длабок сад и се ставаат во микробранова печка или се загреваат на пареа додека чоколадата да се стопи и состојките да се соединат;
- Околу половина од Орео колачињата (150g) се мелат во процесор за храна или се дробат со сукало во ќеса, а другата половина (150g) се сечкаат на четвртини и се оставаат на страна;
- Во длабок сад се мешаат издробените Орео колачиња со 1/6 (околу 120ml) од смесата од чоколада и слатка павлака и се мешаат, па потоа од смесата во калап за торта со притискање се формира пандишпан;
- Исечените Орео колачиња се мешаат со остатокот од филот и готовата смеса се истура врз пандишпанот, а на крај тортата се декорира со уште неколку искршени колачиња;
- Тортата се остава во ладилник околу 4 часа.
Видео упатство:
@fitwaffle 3-ingredient Oreo Chocolate pie #oreo #food #chocolate #tiktokfood
-->-->♬ Love You So - The King Khan & BBQ Show
-->
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Ќе барате уште едно парче - Посна чоколадна торта
Обично се смета дека десертите не се посни и дека речиси е невозможно да се напр...
Чоколадни бомбици од смеса за готова торта
Со смеса за чоколадна торта за час ќе направите супер десерт - вкусни бомбици со...
Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече
Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а е омилен им е на сите оние шт...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
-->