Мафини, печена риба и уште 2 рецепти за посната трпеза на Св. Никола
-->
Компир салата
Потребни состојки:
- 1 kg компир;
- 2 поголеми главици кромид;
- 100ml масло;
- 35ml оцет;
- 2,5 лажички сол.
Начин на подготовка:
- Компирот се лупи, се мие и се сече на коцкички и се става да се вари во вода посолена со една лажичка сол на средна температура;
- Кога ќе зоврие водата, компирот се остава да се вари уште половина час, а најдобро е да се провери со виљушка дали е целосно сварен;
- Кромидот се чисти и се сече на тенки парчиња, па се става во длабок сад и се додаваат маслото, оцетот и уште 1,5 лажичка сол;
- Сварениот компир добро се процедува, се остава неколку минути да се олади, па се додава во мешавината со кромидот;
- Сите состојки убаво се мешаат и салатата се остава да се олади на собна температура.
Посни јафа бомбици
Потребни состојки:
- 80g шеќер;
- 1 ванилин шеќер;
- 3 лажици гриз;
- 300ml сок од портокал;
- Кора од 1 портокал;
- 300g посни бисквити;
- парченца темно чоколадо;
- 200g чоколада за готвење;
- 1 голема лажица масло.
Начин на подготовка:
- Во мало тенџере се ставаат шеќерот и ванилиниот шеќер, се додава гризот и сокот од портокал и се ставаат да се варат на средна температура со повремено мешање, додека смесата не се згусне;
- Смесата се трга од оган, се остава да се олади околу 10-тина минути и се додаваат мелени бисквити и кора од портокал и смесата се меша додека не се соедини;
- Откако ќе се олади, со голема лажица се вади по малку од смесата, се порамнува, во средината се ставаат парченца чоколада и се формираат бомбици;
- Готовите бомбици се редат во чинија или во плех, па се оставаат во ладилник да се стегнат;
- За тоа време чоколадата за готвење се топи на пареа со 1 лажица масло, а потоа секоја бомбица се потопува во неа.
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
3 рецепти за деновите кога постите без масло
Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...