Мафини, печена риба и уште 2 рецепти за посната трпеза на Св. Никола

Компир салата

Потребни состојки:

  • 1 kg компир;
  • 2 поголеми главици кромид;
  • 100ml масло;
  • 35ml оцет;
  • 2,5 лажички сол.

Начин на подготовка:

  • Компирот се лупи, се мие и се сече на коцкички и се става да се вари во вода посолена со една лажичка сол на средна температура;
  • Кога ќе зоврие водата, компирот се остава да се вари уште половина час, а најдобро е да се провери со виљушка дали е целосно сварен;
  • Кромидот се чисти и се сече на тенки парчиња, па се става во длабок сад и се додаваат маслото, оцетот и уште 1,5 лажичка сол;
  • Сварениот компир добро се процедува, се остава неколку минути да се олади, па се додава во мешавината со кромидот;
  • Сите состојки убаво се мешаат и салатата се остава да се олади на собна температура.

mafini-so-maslinki-pechen-oslikj-so-pchenkarno-brashno-i-ushte-2-recepti-za-posnata-trpeza-04.jpg

Посни јафа бомбици

Потребни состојки:

  • 80g шеќер;
  • 1 ванилин шеќер;
  • 3 лажици гриз;
  • 300ml сок од портокал;
  • Кора од 1 портокал;
  • 300g посни бисквити;
  • парченца темно чоколадо;
  • 200g чоколада за готвење;
  • 1 голема лажица масло.

Начин на подготовка:

  • Во мало тенџере се ставаат шеќерот и ванилиниот шеќер, се додава гризот и сокот од портокал и се ставаат да се варат на средна температура со повремено мешање, додека смесата не се згусне;
  • Смесата се трга од оган, се остава да се олади околу 10-тина минути и се додаваат мелени бисквити и кора од портокал и смесата се меша додека не се соедини;
  • Откако ќе се олади, со голема лажица се вади по малку од смесата, се порамнува, во средината се ставаат парченца чоколада и се формираат бомбици;
  • Готовите бомбици се редат во чинија или во плех, па се оставаат во ладилник да се стегнат;
  • За тоа време чоколадата за готвење се топи на пареа со 1 лажица масло, а потоа секоја бомбица се потопува во неа.

mafini-so-maslinki-pechen-oslikj-so-pchenkarno-brashno-i-ushte-2-recepti-za-posnata-trpeza-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg