5 посни рецепти за разновидна и вкусна трпеза без месо
-->
Ќофтиња од наут
Потребни состојки:
- 500g наут од конзерва;
- 200g лебни трошки;
- 1 ситно исечкан кромид;
- Свеж копар;
- Свеж магдонос;
- 1 рендано морско оревче;
- Сол;
- Црн бибер;
- 100g брашно;
- Маслиново масло за пржење.
Начин на подготовка:
- Потребно е наутот да биде добро сварен и процеден од вишокот вода;
- Сите состојки (освен брашното) се ставаат во процесор за храна и се мешаат додека да се добие изедначена смеса;
- Доколку смесата е премногу течна може да се додаде уште малку лебни трошки или брашно додека не се добие цврста смеса од која може да се формираат ќофтиња;
- Смесата се остава во ладилник да отстои околу 30 минути;
- Во тава се става маслиново масло и се загрева на рингла, а со лажица се формираат кофтиња од смесата;
- Секое ќофте се валка во малку брашно и се пржи во загреано масло околу 2-3 минути од секоја трана, или додека да добијат златно кафеава боја;
- Готовите ќофтиња се ставаат на чинија обложена со хартија;
- Доколку сакате да ги подготвите без масло, тогаш можете да ги наредите на плех обложен со хартија за печење и да ги печете на температура од 200 степени околу 15 минути;
- Послужете со посен сос од домати.
Грашок со компири и сос од лимон
Потребни состојки:
- 1kg грашок;
- 1 лажица маслиново масло;
- 4 компири со средна големина;
- 3-4 моркови со средна големина;
- 1 голема главица кромид (ситно исечкана);
- Сок од 1 лимон;
- 2 лажички сол;
- Црн бибер по вкус.
Начин на подготовка:
- Компирите се лупат и се мијат, па се сечат на коцкички, а морковите се чистат и се сечкаат на крукчиња;
- Во тенџере на рингла се загрева маслиново масло и се става исечканиот кромид да се пржи додека да омекне, по ова се додаваат и компирите за да се пропржат;
- Се додава грашокот и морковот, па се додава жешка вода додека состојките не бидат залеани до половина;
- Кога водата ќе почне да врие, тенџерето се покрива со капак, се намалува температурата на ринглата и зеленчукот се вари со повремено мешање околу 30 минути;
- При крајот на варењето се додава свеж копар, сол и црн бибер и зеленчукот се меша;
- На крај се додава сок од лимон и се меша.
Потпечени гирици со компири
Потребни состојки:
- 8 компири со средна големина;
- 1kg гирици;
- 1 голема лажица зачинет сенф;
- Сок од 2 лимони;
- ½ лажица маслиново масло;
- 4-5 чешниња лук (исечкани);
- 2 мали лажици сол;
- 1 голема лажица оригано;
- Црн бибер по вкус.
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на температура од 180 степени Целзиусови;
- Компирите се лупат, се мијат и се сечат на долгнавести парчиња, па се распоредуваат во подлабок плех;
- Во длабок сад се мешаат лукот, сокот од лимон, маслиновото масло, солта и црниот бибер и се додаваат на компирите и се мешаат убаво во плехот;
- Во компирите се додава вода додека да бидат прелеани до половина (околу 1 чаша);
- Компирите се печат во рерна на температура од 180 степени околу 40 минути, или додека да омекнат;
- Во меѓувреме, гириците се чистат, главата им се отсекува и со ноже се чистат крлушките;
- Се мијат во студена вода и се оставаат да се исушат во цедалка;
- По ова се посолуваат и се оставаат во ладилник, додека да се испечат компирите;
- Кога ќе омекнат компирите, се додаваат гириците во плехот и се враќаат да се печат околу 15 минути во рерна;
- Можете да ги декорирате со свежи листови магдонос.
-->
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
3 рецепти за деновите кога постите без масло
Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете
Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг
Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...