„Cooking with Branko“ слави 4 години! Кои се најчитаните 4 рецепти на неговиот блог?
Македонскиот фуд блогер Бранко Попоски, познат како „Cooking with Branko“, слави 4 години од основањето на својот блог за храна и вкусни рецепти.
Љубителите на храна, хедонисти, гурмани и сите кои уживаат во добра храна и рапсодии од најразновидни вкусови обожаваат да ги следат неговите профили на социјалните мрежи, кои се непресушен извор на кулинарска инспирација.
Блогот „Cooking with Branko“ е основан токму на 13-ти октомври, 2018 година и од тогаш до денес има огромна лепеза на преку 1.000 рецепти кои не бараат повеќе од 30 минути подготовка и не бараат повеќе од 10 или помалку состојки за да се подготват.
Добрите блогери за храна мора да знаат како да го спојат визуелното и корисното, a на „Cooking with Branko“ тоа дефинитивно му оди од рака.
Убаво е да се спомене дека Бранко често објавува видеа за готвење чекор-по-чекор и дава одлични совети за почетници.
По повод 4 годишнината од блогот, денес објавуваме 4 вкусни рецепти со потпис на „Cooking with Branko“.
Затоа што со него готвењето станува задоволство, а јадењето станува страст!