Хит-рецепт за најосвежителниот домашен сладолед со вишни од Македонка

Сладолед на кој најмалите во вашето семејство нема да му одолеат, но исто и вие... Добрица Насевиќ која го води Инстаграм профилот „Кокарче“ го споделува рецептот за најосвежителниот летен домашен сладолед.

hit-recept-za-domashen-sladoled-so-vishni-od-influenserkata-kokarche-01.jpg

Добрица Насевиќ која го води Инстаграм профилот „Кокарче“ е наша инфлуенсерка со повеќе од 15.000 следбеници, која дефинитивно има еден од најубаво уредените Инстаграм профили кога станува збор за рецептите.

Сега, таа престојува во Грција, а оттаму споделува хит-рецепт за сладолед со вишни, кој одлично ќе ви дојде овие топли, летни денови.

hit-recept-za-domashen-sladoled-so-vishni-od-influenserkata-kokarche-04.jpg

Рецептот од Инстаграм профилот „Кокарче“:

Само 4-5 состојки се потребни за најосвежителниот летен домашен сладолед - барем така беше оценет од мојата домашна жири комисија. А вишните и грчкиот јогурт (или кисела павлака) со своите киселкасти ноти се најзаслужни за освежувачкиот ефект.

Оваа формула за сладолед е супер доколку имате силиконски калапи. Ако сакате да вадите топки, тогаш ќе ви треба машина за сладолед.

Со машината се постигнува рамномерно ладење на смесата и се спречува формирање на мразулци. Тоа малце ја одолговлекува постапката, па затоа, силиконски калапи се супер.

hit-recept-za-domashen-sladoled-so-vishni-od-influenserkata-kokarche-02.jpg

Еве што ви треба за 400-450ml сладолед:

  • 200g замрзнати или свежи вишни (мерени без семки)
  • 50g мед (или друг засладувач по желба: шеќер, јаворов сируп, еритрол, агаве…)
  • 200ml павлака за шлаг (или слатка павлака - „хопла“)
  • 100g грчки јогурт или кисела павлака
  • 1 лажичка ванила екстракт (опционално)

hit-recept-za-domashen-sladoled-so-vishni-od-influenserkata-kokarche-03.jpg

Постапката е многу проста:

  • Во мало тенџере на среден оган се ставаат вишните со засладувачот и една лажица вода.
  • Се остава да вари 15-20 минути со повремено мешање се додека не се добие редуцирана смеса налик на џем. Се трга на страна да се олади.
  • Се мати павлаката до конзистенција на шлаг.
  • Грчкиот јогурт се меша со смесата од вишни, а на крај сѐ заедно се меша со матената павлака и ванилата со помош на шпатула.
  • Се полнат калапите и се оставаат да замрзнат минимум 4-5 часа.

hit-recept-za-domashen-sladoled-so-vishni-od-influenserkata-kokarche-05.jpg

Уживајте!

View this post on Instagram

A post shared by Kokarche | Кокарче (@kokarche)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
Рецепт за колач со мандарини и карамелизиран шеќер Ако еднаш го направите овој колач, веќе нема да сакате да ги јадете мандарините ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg