Полнети „бротчиња“ од тиквички со мелено месо и многу растопен кашкавал

Ова е рецепт за брза летна закуска која ќе ја обожава целото семејство.

Polneti-brotcinja-od-tikvicki-i-meleno-meso-01.jpg

Исклучително хранлив, со совршен спој на вкусови, овие полнети бротчиња од сезонски тиквички кои ги имаме во изобилство во овој период од годината, со сигурност е рецепт кој ќе го повторите неколкупати летово.

Потребни состојки:

  • 4 тиквички со средна големина
  • Сол и бибер по вкус
  • 2 лажички маслиново масло
  • 450g мелено месо
  • 1 сечкан кромид
  • 1 чешне сечкан лук
  • 2 шолји доматен сос
  • 1 шолја рендана моцарела (или кашкавал по вкус)
  • Свеж магдонос

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете правоаголно тавче со хартија за печење.
  • Измијте ги тиквичките и исечете ги на половина, по должина. Издлабете ги во средината со цел да имате место за филот.
  • На тавче загрејте малку маслиново масло, додадете го сечканиот кромид и лукот. Откако ќе ги пропржите, додадете го меленото месо и зачинете по вкус, па продолжете со пржење на средна температура додека не се зготви. Додадете доматен сос и оставете малку да прокрчка.
  • Сосот треба да биде густ. Секое издлабено „бротче“ од тиквичка наполнете го со подготвениот сос. Потоа додадете рендан кашкавал или моцарела.
  • Печете околу 25 минути додека тиквичките не омекнат, а кашкавалот добро не се растопи.
  • Посипете со свежо сечкан магдонос.

polneti-brotcinja-od-tikvicki-so-meleno-meso-i-mnogu-rastopen-kashkaval-02.jpg

polneti-brotcinja-od-tikvicki-so-meleno-meso-i-mnogu-rastopen-kashkaval-04.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg