Слатко, здраво и вкусно – брзи бомбици од афион, мелени бисквити и малини

Овие бомбици се посни, слатки, се прават многу лесно и брзо, и претставуваат одличен десерт за кога ќе ви се пријаде нешто слатко, а не сакате да внесете премногу калории.

Brzi-bombici-od-afion-plazma-i-malini-01.jpg

Неодоливиот вкус со себе го носи малината во средината. Бомбиците се меки, малината во средината дава сочност, а чоколадната глазура е мека и нежна. Време е да ги направите уште денес:

Потребни состојки (за 24 бомбици):

  • 100g мелен афион
  • 100g шеќер
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 2 лажици гриз
  • 300ml растително млеко (може бадемово, овесно, соино … по избор)
  • 300g посна мелена плазма
  • свежи малини или друго овошје по избор

Глазура:

  • 200g темно чоколадо
  • 1 лажица масло

Начин на подготовка:

  • Во подлабоко тенџере се става афионот, шеќерот, ванилиниот шеќер, гризот и растителното млеко и се варат на рингла;
  • Сите состојки се мешаат повремено на средна температура и кога смесата ќе се згусне (по околу 10 минути), се додава ја мелената посна плазма и се меша за да се соедини смесата. По желба и потреба може да се додаде уште малку плазма;
  • Добиената смеса се остава да се излади на собна температура;
  • Од смесата се одвојува количина со голема лажица, а во средината се става малина, па се формира топка (имајте предвид дека смесата е малку леплива, но добро се соединува);
  • Добиените топчиња се оставаат во ладилник најмалку 1 час, за да се стегнат малку;
  • Темното чоколадо се топи на пареа и се маша со маслото и бомбиците се прелеваат со него;
  • Потоа повторно се враќаат во ладилник за да се вцврсти и да се олади чоколадата.

Brzi-bombici-od-afion-plazma-i-malini (6).jpg

Brzi-bombici-od-afion-plazma-i-malini (5).jpg

Brzi-bombici-od-afion-plazma-i-malini (4).jpg

Brzi-bombici-od-afion-plazma-i-malini (3).jpg

Brzi-bombici-od-afion-plazma-i-malini (2).jpg

Brzi-bombici-od-afion-plazma-i-malini (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg