Едноставна салата со шпагети, домати и свеж босилек, совршена за летните денови
-->
Оваа салата со домати, свеж босилек, лук и пармезан заменува цел оброк и е совршена за топлите летни денови кога ви се јаде нешто „полесно“.
Летото е сезона на домати кои можат да се јадат и свежи и зготвени, а притоа многу лесно се комбинираат со секакви јадења.
-->
За оваа едноставна паста салата ќе треба да одвоите околу час и половина, само затоа што доматите треба да отстојат.
Нo, начинот на подготовка е многу едноставен и речиси и да нема простор за грешка.
Потребни состојки (за шест лица):
- 1 пакување шпагети (околу 500 грама)
- Околу 1 килограм шери домати
- 1 1/2 шолја рендан пармезан
- 18 големи ливчиња свеж босилек (плус за декорација)
- 6 чешниња лук
- 1/2 лажичка црвен пипер
- 1/2 шолја маслиново масло
- Сол и бибер
Начин на подготовка:
- Исечете ги шери доматите на половина, исечете го босилекот на поголеми парчиња и ситно исечкајте го лукот.
- Ставете ги состојките во сад, ставете сол (околу 1 лажичка), па додајте црвен пипер, бибер (според вашиот вкус) и маслиново масло.
- Покријте го садот со пластична фолија и оставете да отстои барем еден час на собна температура. Можете да го оставите и подолго, но не повеќе од четири часа.
- Сварете ги шпагетите како вообичаено, па измешајте ги го смесата со домати.
- Послужете во чинија, па додајте рендан пармезан. Можете да додадете и свеж босилек за декорација.
Спирова С. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Сочна паста со шери домати и фета сирење, во Air Fryer
Паста е секогаш одлична идеја, без оглед дали сакате макарони, шпагети или орзо....
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом
Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум.
Лесен ...
-->