Десерт од 5 состојки: Сочна чоколадна торта, готова за половина час
-->
Крцкава однадвор, а мека и сочна одвнатре, оваа чоколадна торта која се топи во уста ќе ви биде омилен десерт летово.
Ги обожаваме рецептите кои се подготвуваат брзо и лесно, а резултатот е и повеќе од задоволувачки.
-->
Ова е најбрзата чоколадна торта, која малку наликува на топло-ладно колач.
По желба можете да ја декорирате и со сладолед.
Потребни состојки:
- 145g солен путер, стопен
- 360g шеќер
- 120g брашно
- 60g какао
- 3 големи јајца, малку изматени
- шеќер во прав (по желба за наросување на крај)
Начин на подготовка:
- Во сад, додавајте ги состојките редоследно и мешајте додека смесата не се соедини.
- Истурете ја смесата во калап со средна големина, а претходно намрсете ја површината во која ќе печете.
- Печете на 160°С со вклучен вентилатор, околу 30-35 минути или додека кората не стане крцкава, а внатрешноста да е уште мека.
- По желба, наросете ја тортата со шеќер во прав.
Видео постапка:
-->
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Чоколадни бомбици од смеса за готова торта
Со смеса за чоколадна торта за час ќе направите супер десерт - вкусни бомбици со...
Ќе барате уште едно парче - Посна чоколадна торта
Обично се смета дека десертите не се посни и дека речиси е невозможно да се напр...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер
Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече
Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
-->