Сочни тестенини во сос од домати со вотка, по рецептот на Џиџи Хадид

Тестенини со вотка? Зошто да не... Оние што го пробале рецептот се изненадени од вкусот и велат дека ќе го подготвуваат и во иднина.

predlog-ruchek-zachineti-testenini-so-votka-po-receptot-na-djidji-hadid-01.jpg

Пред да остане бремена со нејзиното дете, Џиџи Хадид го сподели рецептот за нејзините омилени тестенини со вотка. Тестенините се омилен оброк за сите генерации, но овој рецепт е наменет само за возрасни.

predlog-ruchek-zachineti-testenini-so-votka-po-receptot-na-djidji-hadid-02.jpg

Обично на сосовите им се додава вино или пиво, а овој рецепт вклучува вотка, но во минимални количини. Исто така, доколку сакате, можете вотката сосема да ја изоставите.

Рецептот е споделен од една од најубавите жени во светот и беше вистински хит, а погледнете како можете да го подготвите сами.

Потребни состојки (за 2 порции):

  • 60ml маслиново масло;
  • ¼ млад кромид (исечкан);
  • 1 мало чешне лук (исечкано);
  • 50ml доматен сос;
  • 120ml павлака за готвење;
  • 1 голема лажица вотка;
  • 1 лажичка буковец;
  • 225g тестенини;
  • 1 голема лажица путер;
  • 25g рендан пармезан;
  • Сечкан босилек;
  • Сол и бибер (по вкус).

Начин на подготовка:

  • Во поголемо тенџере се загрева маслиновото масло, се додаваат кромидот и лукот и се готват додека да омекнат;
  • Се додава сосот од домати и се готви додека да потемни, па потоа се додава слатка павлака и се меша, па се додава вотката и се готви додека да испари течноста;
  • Се додава буковец (по вкус), и мешате додека сите состојки да се соединат, па додавате сол и бибер;
  • Сосот се става настрана да се олади;
  • Во длабок сад се варат тестенините според упатството, а во посебен сад се собира околу ¼ од водата во која се вареле;
  • Сосот се враќа на средна температура на рингла и се додава путерот за да се стопи со постојано мешање, додека не се добие сосема кремаста смеса;
  • По ова се додаваат тестенините и водата во која се вареле. Се додава ренданиот пармезан и се меша, а по потреба може да се додаде сол и бибер;
  • Тестенините се декорираат со рендан пармезан и исечкан босилек.

predlog-ruchek-zachineti-testenini-so-votka-po-receptot-na-djidji-hadid-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Колач со вишни, по рецептот на нашите баби Ако носталгијата има мирис и вкус, тогаш сигурно потсетува на колачот со вишни ш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg