5-дневно мени: Едноставни рецепти за хранлив и вкусен ручек, ако живеете сами
-->
Супа со њоки
Потребни состојки:
- ½ кромид, исечкан
- 1 чешне лук, исечкано
- 200 грама исечкани домати
- ½ коцка за супа
- Околу една рака њоки (колку за една порција)
- Малку хопла или павлака (околу 1 лажица)
- Маслиново масло
- Сол и бибер
Начин на подготовка
- Запржете го кромидот со маслиново масло, сол и бибер. Додајте го лукот и пржете уште неколку минути.
- Додајте ги доматите и околу 250 милилитри вода, па додајте ја и коцката за супа. Варете 10-тина минути – ако супата изгледа премногу густа, можете да додадете уште малку вода. Ако сте додале многу вода, варете подолго време за да испари.
- Ставете ја мешавината со супата во блендер и изблендирајте.
- Вратете ја блендираната супа во тенџерето, додајте ги њоките и гответе 3-5 минути, додека да се сварат.
- На крај ставете ја супата во чинија и додајте малку хопла или павлака.
Лесен сендвич со наут
Потребни состојки:
- 100 грама наут од конзерва
- 1 лажичка ким во прав
- Малку свеж исечкан коријандер
- 1 пита лепче, потпечено на тостер или во рерна
- Малку марула, кромид и домати (можете да искористите и друг зеленчук по ваш вкус)
- 1 лажица хумус
- Маслиново масло
- Сол и бибер
Начин на подготовка
- Загрејте ја рерната на 180 степени.
- Ставете го наутот во тава за печење, ставете маслиново масло и зачинете со сол, бибер и ким.
- Печете 20-тина минути, извадете ја тавата од рерна, додајте го коријандерот и измешајте.
- Пресечете го пита лепчето на два дела и наполнете ги двете половини со смесата со наут, зеленчукот и хумусот.
Полнети печурки со праз
Потребни состојки:
- Малку рендан чедар кашкавал
- Свежи шампињони (бројот ќе зависи од нивната големина – 2-3 поголеми или 5-6 мали)
- Малку издробен леб (може да искористите и засушен)
- Малку хопла
- Неколку кругови праз
- Маслиново масло
- Малку рукола
- Сол и бибер
Начин на подготовка
- Загрејте ја рерната на 18 степени.
- Во сад ставете го ренданиот чедар кашкавал и добро измешајте го со хоплата.
- Наредете ги печурките на тава за печење и ставете малку маслиново масло врз нив. Додајте ја смесата со кашкавал и хопла, па додајте го и издробениот леб.
- Наредете ги круговите праз на печурките, па ставете уште малку масло и бибер.
- Печете околу 20 минути, односно додека печурките не се зготват.
- Послужете со малку рукола.
-->
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг
Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин
Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...