5-дневно мени: Едноставни рецепти за хранлив и вкусен ручек, ако живеете сами
-->
Пржени јајца со песто, едноставен сендвич со наут и хумус, полнети печурки со праз - постојат многу рецепти кои не одземаат многу време и се совршени за деновите кога готвите само за себе.
Многу луѓе воопшто не се нафаќаат да готват ако треба да приготвуваат само една порција. Но, постојат навистина едноставни, а притоа вкусни и хранливи рецепти со кои ќе направите цел ручек само за вас.
-->
За приготвувањето на овие рецепти ќе ви треба околу половина час, а најдоброто е што можете да ја адаптирате количината на повеќето состојки, како зеленчук, фета сирење или хопла, според вашиот вкус.
5 едноставни рецепти за ручек за еден:
Пржени јајца со песто
Потребни состојки:
- 1 компир исечен на помали парчиња
- 1 лажица песто
- 2 јајца
- 3-4 шери домати
- 1 рака спанаќ
- Малку рендан пармезан
- Маслиново масло
- Сол
Начин на подготовка
- Загрејте ја рерната на 180 степени.
- Ставете го исечениот компир во тава за печење, ставете малку маслиново масло и сол и испечете го.
- Во поголема тава за пржење ставете маслиново масло и лажица песто, па додајте ги двете јајца и шери доматите. Ставете ги доматите на едната страна од тавата, а јајцата на другата.
- Кога ќе се испржат јајцата, тргнете ја тавата од оган и додајте ги спанаќот и компирот и малку измешајте ги со доматите.
- Откако спанаќот малку ќе се обари од топлината на тавата, додајте го ренданиот пармезан и послужете.
Фритата со компир и брокула
Потребни состојки:
- Неколку млади компирчиња
- Неколку кругови кромид
- 3-4 стапчиња брокула
- 3 изматени јајца
- Малку издробено фета сирење
- Маслиново масло
- Сол
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180 степени.
- Ставете ги компирите во тава за печење, додајте маслиново масло и сол и ставете ги во рерната.
- По 10-тина минути додајте го кромидот и печете уште 10 минути. Потоа додајте ја брокулата, па печете уште 10 минути и извадете ја тавата од рерната.
- Во тава за пржење ставете масло и додајте ги изматените јајца, печените компири, кромидот и брокулата. Гответе неколку минути на среден оган (можете да додадете и малку бибер).
- Покријте ја тавата со капак и гответе уште неколку минути додека да се испржат јајцата.
- На крај додајте го издробеното фета сирење и послужете.
Уште три рецепти на следната страница...
Би можело да ве интересира:
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг
Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин
Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...
-->
-->