Лесни, кремасти и брзи пролетни колачиња: Лажни ванилици со свежи јагоди

Најдобрите колачи се оние кои се подготвуваат брзо и лесно, без многу состојки.

Lazni-vanilici-so-svezi-jagodi-01.jpg

„Лажните“ ванилици се само едни од нив, а во комбинација со свежо овошје претставуваат најдоброто освежување во пролетните денови.

Потребни состојки:

  • 150 g путер
  • 100 g неутрално крем-сирење
  • 50 g шеќер
  • 175 ml слатка павлака
  • 1 кесичка ванилин шеќер,
  • 36 парчиња тркалезни бисквити (одберете помеки колачиња)
  • 150 g свежи јагоди

Начин на подготовка:

  • Со миксер изматете ги омекнатиот путер, крем сирењето и шеќерот додека состојките не се соединат.
  • Во друг сад, изматете ја слатката павлака со ванилиниот шеќер и кога ќе се соединат добро, измешајте ги двете смеси.
  • Земете еден бисквит и намачкајте го со малку крем, исечкајте ги јагодите и повторно намачкајте го кремот, па преклопете со ново колаче.
  • Направете го ова со сите преостанати колачи, кремот и јагодите. За поинтензивен вкус може да додадете и малку џем од јагоди врз кремот и да наросите шеќер во прав врз колачињата.

Lazni-vanilici-so-svezi-jagodi-02.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Нова верзија на рецептот на баба: Омилените божиќни гурабии со ванила и ореви Се сеќавате на вкусните колачиња што буквално ви се топат во уста? Меки и полнет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg