Викенд рецепт: Чизкејк со прелив од шумско овошје (видео)

Тортите со благо сирење, односно т.н. чизкејк десерти се едни од омилените во светот. Постојат голем број варијанти на чизкејк, а ова е рецепт што се подготвува со прелив од смрзнато или свежо шумско овошје.

ideja-za-osvezhitelen-desert-chizkejk-so-biskviti-i-sos-od-shumsko-ovoshje-01.jpg

За овој рецепт најмногу време ќе ви одземе подготовката на филот, и единствена негативна страна е што треба да чекате до следниот ден за да можете да го консумирате.

Според рецептот потребно е готовата торта да преноќи во ладилник. Но, со сигурност чекањето ќе се исплати.

Потребни состојки:

За пандишпан:

  • 200g мелени бисквити;
  • 100g стопен путер.

За крем:

  • 200g шеќер;
  • 120ml масло;
  • 500g меко крем сирење;
  • 500g блага урда;
  • 200ml шлаг пена;
  • 50ml млеко;
  • 50g нишесте;
  • 1 пакетче пудинг од ванила;
  • 3 јајца;
  • 1 кесичка ванилин шеќер;

За прелив:

  • 300g смрзнати вишни (малини или јагоди);
  • 3 големи лажици шеќер;
  • 1 голема лажица нишесте;
  • 100ml вода.

Начин на подготовка:

  • Во подлабок сад се мешаат мелените бисквити и стопениот путер и готовата смеса се става во калап за торта обложен со хартија и се притиска со лажица за да се направи основата на чизкејкот;
  • Пандишпанот се става да се пече околу 8-10 минути на 180 степени Целзиусови (без вентилатор);
  • Во длабок сад со маталка (или со миксер) се мешаат јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер додека не се добие пенеста изедначена смеса;
  • Се додава пудингот и нишестето, масло, крем сирење, урда и шлаг пена и се мати додека не се добие изедначена смеса;
  • Готовиот фил се става врз потпечените и оладени бисквити;
  • Чизкејкот се става во претходно загреана рерна на 175 степени Целзиусови и се пече уште околу 50 минути. Потребно е филот да добие кора, а средината да биде мека;
  • Тортата откако ќе се олади на собна температура се остава да преноќи во ладилник;
  • Во мало тенџере се става замрзнатото овошје, се додава шеќер и се остава да се свари на тивок оган;
  • Во подлабок сад се мешаат нишестето и водата и се додаваат во овошјето;
  • Се остава да се свари додека не добиете густ сос, а потоа се прецедува со цедалка;
  • Чизкејкот се прелева со готовиот овошен сос, а потоа се враќа во ладилник да отстои уште 1-2 часа.

Видео упатство:

 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 

A post shared by ᔕEᗰİᖇᗩY EᖇGÜᑎ (@semirayergun)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg