Предлог за ручек без месо: Пролетна пита од редени компири и спанаќ
-->
Оваа пролетна пита се подготвува мошне брзо, а е одлична идеја за лесен ручек.
Доколку сакате да подготвите брз домашен ручек, тогаш рецептот за оваа брза и евтина пита навистина ќе ви се допадне.
-->
Наместо тесто и брашно, потребни ви се компири, а филот е комбинација од спанаќ, јајца и чедар или обичен кашкавал.
Потребни состојки:
- 2 поголеми компири (излупени и исечени на тенки крукчиња);
- 1 главица кромид;
- 1 чешне лук;
- 250g свежи листови спанаќ;
- 1 лажица млеко;
- 2 јајца;
- Сол;
- Морско оревче (опционално);
- 100g рендан чедар кашкавал;
- Масло за готвење.
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на температура од 180 степени Целзиусови;
- Плехот за питата се премачкува со малку масло и се обложува со компирите (во облик на кора за пита);
- Компирите се посолуваат и се ставаат да се потпечат во рерна на температура од 180 степени околу 15 до 20 минути;
- Во длабоко тавче на рингла се става малку масло, се додава исечкан кромид и се пржи додека да омекне; Се додава лук и спанаќ се посолува и се затвора тавчето со капак за да омекне спанаќот;
- Компирите се вадат од рерна и врз нив рамномерно се распоредува подготвениот спанаќ;
- Во подлабок сад се мешаат млекото, јајцата, малку сол и ренданото морско оревче додека не се добие изедначена смеса;
- Со оваа смеса се прелеваат компирите и спанаќот и се додава рендан кашкавал;
- Питата се враќа во рерна и се пече на 180 степени Целзиусови, додека кашкавалот добие златно-кафеава боја.
Видео упатство:
-->
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете
Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...
Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок
Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...