Мафини од јајца – брз, вкусен и здрав појадок што ќе ве држи сити

Јајцата се одлична храна за појадок бидејќи се богати со протеини и можат да ве држат сити додека да дојде време за ручек.

mafini-od-jajca-brz-vkusen-i-zdrav-pojadok-shto-kje-ve-drzhi-siti-01.jpg

Додека пржените јајца, кајганата и омлетот се најлесен начин, а можеби и највкусен за подготовка, факт е дека во овој случај ќе треба да ставите повеќе масло.

Но, можете да добиете исто добар вкус со помалку масло, ако ги направите јајцата во рерна во калапи за мафини.

Овие мафини од јајца се лесни за правење, а можете да ги чувате до три дена во фрижидер во добро затворен сад. Исто така, слободно можете да додадете и друг зеленчук по ваш вкус како брокула или пченка.

Потребни состојки (за 8 мафини):

  • 4-6 јајца
  • 1 лажица млеко
  • 50g рендан чедар кашкавал или моцарела
  • 1 лажичка пипер
  • ½ црвена пиперка, исечкана
  • 2 печурки, исечени
  • 1 голем домат, исечкан
  • Малку обарен спанаќ

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 200 степени.
  • Во сад измешајте ги јајцата, млекото, околу ¾ од кашкавалот и пиперот.
  • На калап за мафини намачкајте малку масло (за полесно да ги извадите мафините)
  • Додајте ја смесата со јајца во калапите – оставете ги околу ¼ празни.
  • Додајте ги останатите исечкани состојки, промешајте со лажица, па додајте го преостанатиот кашкавал.
  • Печете во рерна околу 15 минути, односно додека мафините да добијат златна боја.
  • Оставете ги мафините да се изладат, пред да ги извадите од калапот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
4 рецепти кои може да ги направите со јајцата кои ви останаа од Велигден Овие предлог рецепти ќе ви помогнат најдобро да ги искористите јајцата од велигд...
Викенд ручек: Сочни шпагети со грчки ќофтиња, во црвен сос Овој превкусен рецепт е комбинација од италијанската и грчката кујна... Дали би ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg