Рецепт во кој ќе обожавате брокула - Зелени ќофтиња со пармезан
-->
Пржениците од брокула се совршен избор за љубителите на зеленчук, но и за оние кои сакаат да уживаат во нешто полесно мезе или ручек.
Толку се вкусни што имате впечаток дека јадете врвен специјалитет, а се подготвуваат брзо и лесно во домашни услови.
-->
Внатре се мекани, а однадвор крцкави, па можете да ги направите од кој било зеленчук. Конкретно, предлагаме рецепт со брокула.
Состојки:
- 500g свежа брокула
- 200g пармезан
- 1 јајце
- Сол, бибер и зачин по желба
- Голема лажица кисела павлака
- 150g презла
- Малку маслиново масло
Подготовка:
- Исчистете ја брокулата на мали цветчиња и ставете ја да се свари во посолена вода, околу 10тина минути. Изладете ја и иситнете ја на даска за сечење.
- Додадете ја во еден сад, заедно со јајцето, павлаката, зачините, пармезанот и лебните трошки.
- Од лебните трошки може да оставите малку настрана, за да ги валкате ќофтињата пред пржење.
- Обликувајте плескавички, извалкајте ги и пржете на масло 1-2 минути од секоја страна, или додека не добијат крцкава површина.
- Послужете ги како главно јадење, мезе или прилог.
М. Д. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти
Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
-->