Предлог рецепт за ручек: Пилешко полнето со спанаќ и растопено сирење

Пилешкото месо одлично може да се комбинира со пролетниот зеленчук, а комбинацијата со спанаќ и сирење ќе им се допадне на сите.

predlog-recept-za-ruchek-pileshko-od-rerna-polneto-so-spanakj-od-koe-rastekuva-sirenje-01.jpg

Станува збор за КЕТО-рецепт што подеднакво ќе им се допадне и на оние што не се придржуваат до овој начин на исхрана. Сепак, убаво е кога знаете дека тоа што го приготвувате со сигурност е и здраво.

Потребни состојки:

  • 120 до 170g пилешки гради без коска;
  • 2 мали лажици црвен пипер;
  • 1 мала лажица оригано;
  • 1 мала лажица лук во прав;
  • ½ лажица вегета;
  • ½ мала лажица сол;
  • ¼ мала лажица црн бибер;
  • 2 супени лажици маслиново масло.

За фил:

  • 150g спанаќ исчистен, измиен и исушен;
  • 75g фета сирење изронето;
  • 60g рикота (изронета);
  • 2 лажици ситно исечкани перца од млад кромид;
  • 2 чешниња лук изрендани;
  • ½ мала лажица ситно исечкан копар.

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на 200 степени Целзиусови.
  • Пилешките гради се сечат на половина и се зачинуваат со зачините.
  • Во подлабок сад се мешаат состојките за филот: спанаќот, сирењата, перцата од кромид, лукот и копарот.
  • Секое парче од пилешките гради се полни со претходно измешаниот фил и се затвора со чепкалка за заби.
  • Наполнетите пилешки гради се запржуваат на маслиново масло во нелепливо тавче додека не поруменат.
  • Стековите заедно со маслото се префрлаат во плех и се ставаат да се испечат на температура од 200 степени Целзуисови од 15 до 18 минути (иако овој чекор го нема во видеото, сепак е неопходен).

Видео упатство:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg