Идеја за брз и едноставен појадок: Тост со авокадо и рендано јајце (видео)

Намачкајте го испасираното авокадо на парче тост и изрендајте јајце. Резултатот ќе ве изненади.

ideja-za-brz-i-ednostaven-pojadok-tost-so-avokado-i-rendano-jajce-video-01.jpg

Ова е идеја за брз и едноставен појадок, што ќе го подготвите само за неколку минути. Ренданото јајце му дава посебен вкус на тостот, а на овој начин жолчката нема да биде премногу тешка за консумирање.

Блогерката Сара Томас Дроубау објави видео на ТикТок во кое го подготвува овој популарен рецепт, а како што вели не очекувала дека тостот со авокадо може да биде толку вкусен додека не го пробала овој начин на подготовка.

Потребни состојки:

  • 1 парче леб;
  • ½ авокадо;
  • маслиново масло;
  • 1 тврдо варено јајце (излупено);
  • Сол, зачини.

Начин на подготовка:

  • Парчето леб се потпекува во тостер;
  • Авокадото се пасира и се разнесува рамномерно на целиот тост;
  • Авокадото се попрскува со малку маслиново масло и се зачинува со сол и зачини;
  • Изрендајте го тврдо вареното јајце и појадокот е готов.

Видео упатство:

@feelgoodfoodie This grated egg avocado toast idea from @Sarah Thomas-Drawbaugh is GRATE! #gratedegg #gratedeggtoast #avocadotoast ♬ original sound - Feel Good Foodie

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg