Посна алва и уште 6 модерни рецепти за велигденскиот пост
-->
Започнаа велигденските пости во 2022 година, а доколку немате идеја за посна храна, во продолжение ви нудиме 7 посни и вкусни рецепти кои може да ги искористите во текот на наредните денови додека трае постот.
Постарите често велат дека за периодот кога се пости алвата е најдобро решение. Уште едно традиционално посно јадење е белиот грав (без запршка).
-->
Се обидовме да направиме збирно мени од седум рецепти што би можеле да ги подготвите за време на постите и коишто би ви се допаднале.
Во продолжение погледнете неколку посни рецепти кои изгледаат привлечно и се вкусни:
Полнети домати
Потребни состојки:
- 8 поголеми домати;
- 100g исечкан кромид;
- 100gr ориз;
- 50ml маслиново масло;
- свежо нане;
- 400ml вода;
- сол и црн бибер по вкус;
- уште 75ml вода.
Начин на подготовка:
- Доматите се сечат на половина и внатрешниот дел се вади со лажица и се собира во друг сад. Внатрешноста од доматите се пасира со блендер и се остава настрана.
- Во тавче кромидот се потпржува на малку масло (или се динста на вода) додека да омекне, а потоа се додава оризот и се пржат околу 5 минути.
- Се додаваат зачините, внатрешноста од доматите и околу 400 ml вода. Се остава да почне да врие, се прекрива и се вари околу 10-тина минути. Филот се остава да се олади околу 10-тина минути пред да почнеме со полнење на доматите.
- Доматите се распоредуваат на плех. Се полнат со филот и се затвораат со горниот дел, па се попрскуваат со малку маслиново масло. Во плехот се додаваат уште 75 ml вода и се оставаат да се печат околу час и половина на температура од 190 степени Целзиусови.
-->
-->
Посна супа од леќа со блитва
Потребни состојки:
-->
- 2 супени лажици вода;
- 2 чешниња лук;
- 2 мали главици кромид;
- 4 големи моркови;
- листови целер;
- ¼ супена лажица сол;
- ¼ супена лажица црн бибер;
- 400 gr млад компир;
- 950 ml растителна супа;
- свеж рузмарин;
- 200 gr леќа;
- сечкана блитва.
Начин на подготовка:
- Во длабок сад на средна топлина на вода околу 5 минути се динстаат лукот, кромидот, морковите и целерот. Се зачинуваат со сол и бибер и се мешаат.
- Кога зеленчукот ќе омекне се додаваат компирите исечкани на коцки и се оставаат да се динстаат уште 2 минути. Се додава растителна супа и рузмарин и се засилува огнот.
- Се додава леќата и се меша.
- Кога супата ќе почне да врие се намалува температурата на ринглата и се остава да се вари во затворено тенџере околу 15-20 минути или додека леќата и компирите не омекнат.
- Се додава исечканата блитва, се промешува и се остава прекриено да се вари уште 3-4 минути. Доколку има потреба се додава уште сол и зачини.
-->
Старинска посна алва
Потребни состојки:
- масло за јадење;
- гриз;
- шеќер;
- вода.
Начин на подготовка:
- Начинот на подготовка за старинска посна алва е мошне лесен за помнење. Потребно е да го запомните само следниот размер - 1:2:3:4, односно состојките се следни, 1 дел масло, 2 дела гриз, 3 дела шеќер и 4 дела вода. Можете да се обидете состојките да ги мерите со мал филџан од 100g.
- Во длабок сад се става маслото и се додава гризот да се пропржи, но не треба да изгори затоа што алвата потоа ќе горчи. Кога ќе се пропржи гризот, тенџерето се става настрана.
- Можете доколку сакате да додадете и сечкани ореви.
- Во друг длабок сад потребно е да се направи шербет од шеќер и од вода и кога ќе зоврие шербетот со него се полевaат гризот и маслото.
- Сите состојки се варат на средна температура со постојано мешање додека не се добие густа алва (имајте на ум дека алвата нема дополнително да се згусне откако ќе престанете да ја варите).
- Сварената алва се става во калап за куглов и се остава да се олади.
Уште 4 рецепти на следната страна...
Би можело да ве интересира:
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
3 рецепти за деновите кога постите без масло
Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...