Вкусот на Италија во вашиот дом – рецепт за печено капрезе пилешко

Обожаваме пилешко, а од вакви лесни рецепти во кои овој тип на месо игра главна улога – никогаш доста.

Peceno-kapreze-pilesko-01.jpg

Донесете го вкусот на Италија во вашиот дом и подгответе сочно капрезе пилешко со богат сос, шери домати и стопена моцарела.

Потребни состојки:

За маринадата:

  • ½ шолја балсамико оцет
  • ½ шолја пилешки бујон
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 1 лажичка Дижон сенф
  • 1 чешне сечкан лук
  • 2 лажички мешан зачин
  • 1 лажица исечкан босилек плус дополнително за сервирање
  • сол + бибер по вкус

За пилешкото капрезе:

  • 4 парчиња пилешки гради
  • 2 чаши шери домати преполовени
  • 150 g моцарела, исечена на тенки парчиња

Начин на подготовка:

  • Маринирајте го пилешкото: комбинирајте ги состојките за маринадата во сад за печење. Добро измешајте ги, па додадете го пилешкото месо, превртувајќи го неколкупати во маринадата за целосно да се премачка. Покријте го месото и ставете го во фрижидер 30 минути.
  • Откако ќе се измаринира месото, загрејте ја рерната на 220 степени. Извадете го пилешкото од фрижидерот и извадете мал дел од маринада сосот, доколку сакате помалку сос, односно помалку течност.
  • Додадете домати во сад за печење и измешајте ги со балсамичната маринада да се покријат, а потоа наредете го пилешкото месо.
  • Печете го пилешкото во загреана рерна 20-25 минути, или додека не се зарумени добро (точното време на печење зависи од дебелината на пилешкото месо).
  • Внимателно извадете го садот од рерната и рамномерно покријте го секое парче пилешко месо со моцарела. Печете уште 4-5 минути или додека сирењето не се стопи.
  • Послужете со свеж или сушен босилек врз печеното месо.

Peceno-kapreze-pilesko (4).jpg

Peceno-kapreze-pilesko (5).jpg

Peceno-kapreze-pilesko (6).jpg

Peceno-kapreze-pilesko (1).jpg

Peceno-kapreze-pilesko (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
5 домашни сосови кои се одлична замена за мајонез Се подготвуваат брзо, лесно, вкусни се и здрави и одлична замена се за мајонез.....
Сочна паста со шери домати и фета сирење, во Air Fryer Паста е секогаш одлична идеја, без оглед дали сакате макарони, шпагети или орзо....
Сочно пилешко во сос од сенф и кари Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg