Рецепт на денот: Домашна „лења пита“ со јаболка

Печените јаболка се мошне вкусни, а овој рецепт за мрзлива, односно „лења“ пита како што е попозната - ќе ги освои сите.

desert-po-recept-na-nashite-babi-brza-i-lesna-pita-so-jabolka-01.jpg

Тајната на оваа пита е во карактеристичното тесто што се подготвува само со путер, јајца и брашно, а може да ја подготват и оние што немаат огромно искуство со подготвувањето десерти.

Готовата пита можете да ја сервирате со топка сладолед и да ги изненадите блиските или гостите.

Потребни состојки:

За тесто:

  • 1 јајце;
  • 80g шеќер; 
  • 280g брашно; 
  • 5g прашок за печиво; 
  • 100g путер.

За фил:

  • 500g јаболка;
  • 100g шеќер;
  • 30g путер; 
  • 5g цимет.

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови.
  • Јаболката се мијат и се сечкаат на коцки, при што се отстранува средишниот дел.
  • Во длабок сад се става јајцето и шеќерот и се мати со миксер додека не се добие пенеста смеса.
  • Се додаваат стопениот путер, брашното и прашокот за печиво и со раце се меша додека да се добие густа смеса која наликува на тарана.
  • Во плех за пита се става половина од готовото тесто и се притиска со чаша.
  • Во нелепливо тавче се става шеќер да се стопи и се додава путер.
  • Се додаваат исчистените јаболка да се пропржат заедно со стопениот шеќер и путерот и се зачинуваат со цимет.
  • Јаболката се пржат околу 10-тина минути, или додека да омекнат, а потоа се распоредуваат врз готовата кора во плехот.
  • Со преостанатото тесто се покрива питата и се става да се испече на температура од 180 степени Целзиусови околу 30 минути или додека да добие златно-кафеава боја.

Видео упатство:

Apple tart using an egg! The batter is the secret for the taste

Apple tart using an egg! The batter is the secret for the taste Ingredients: eggs - 1 piece sugar - 80 g (2.82 oz) flour - 280 g (10 oz) baking powder - 5 g (0.18 oz) butter - 100 g (3.5 oz) for the filling: apples - 500 g (17.64 oz) sugar - 100 g (3.5 oz) butter - 30 g (1 oz) cinnamon - 5 g (0.18 oz) Fry 10 min Tray size 26 cm (10.24 in) IN THE OVEN 180°C (356 °F)/30 MIN

Posted by Appetizing.tv on Thursday, January 13, 2022

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg