Печени плескавички од карфиол, похувани на здрав начин – се прават за 15 минути

Кога станува збор за растителни плескавички, најчесто се среќаваат рецепти од компир и тиквички, а додека сè уште има карфиол по пазарите мора да го пробате и овој рецепт. Се подготвуваат брзо, а уште побрзо ги снемува.

se-podgotvuva-za-15-minuti-a-se-jade-ushte-pobrzo-pohuvan-karfiol-od-rerna-01.jpg

Обично, растителните плескавички и похуваниот карфиол избегнуваме да ги подготвуваме затоа што се пржат во многу масло.

Ова е рецепт за здрава верзија на храна од карфиол што се пече во рерна, а се одлични за појадок или како додаток со главното јадење.

За да ги подготвите овие вкусни плескавички од карфиол треба само да ги измешате сите состојки и потоа со лажица да формирате топчиња.

Потребни состојки:

  • 500 g карфиол
  • 1 морков рендан
  • Црн бибер (по вкус)
  • Куркума (по вкус)
  • Сол (по вкус)
  • 2 јајца
  • 90 g брашно од спелта
  • Маслиново масло за готвење

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови.
  • Карфиолот се одвојува на цветчиња и добро се мие.
  • Цветчињата од карфиол се ставаат во блендер за добро да се иситнат.
  • Во длабок сад се ставаат изблендираниот карфиол и изренданиот морков, се додаваат зачини и сите состојки се мешаат.
  • Се додаваат јајцата и се мешаат, а потоа се додава и брашното од спелта и се меша додека не се добие пире.
  • На обложен плех со хартија за печење се лажица се вадат топчиња од смесата и се порамнуваат за да се добијат плескавички.
  • Плескавичките се прскаат со малку маслиново масло за готвење и се ставаат да се печат во претходно загреана рерна, со вентилатор на 180 степени Целзиусови, или на 190 степени Целзиусови без вентилатор околу 25 до 30 минути или додека не добијат златно-кафеава боја.

Видео упатство:

 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 

A post shared by Benedetta Rossi (@fattoincasadabenedetta)

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg