Розови целувки во форма на срце за Денот на вљубените
-->
Традиционално за Денот на вљубените се послужуваат чоколадни колачи или други десерти со чоколадо, а годинава можете да пробате да подготвите несекојдневни срциња од три состојки.
За да ги подготвите овие срциња ќе ви треба шприц за декорации, миксер и малку трпение. Постапката за подготвување е мошне лесна, а се подготвуваат за околу половина час.
-->
Потребни состојки:
- 3 белки од јајца
- 150g шеќер
- Сок од половина лимон
- Црвена прехранбена боја
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на 100 степени Целзиусови.
- Во длабок сад се ставаат белките од јајца и се додава малку шеќер.
- Белките се матат со миксер на средна брзина и полека се додава преостанатиот шеќер сѐ додека не се добие цврст шлаг.
- Во шлагот се додава сокот од лимон и се мати.
- Внатрешноста на ќесата за декорација се премачкува со четка со прехранбена боја и внатре се става изматениот шлаг.
- На плех обложен со хартија за печење со ќесата за декорација се прават колачи во форма на срце, сѐ додека смесата не се потроши во целост.
- Готовите срциња се ставаат во рерната да се печат на температура од 100 степени Целзиусови околу еден час.
Погледнете го деталниот начин на подготовка:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет
Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза
Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
-->
-->