Најсочните похувани копани полнети со компир и кашкавал – прсти да излижете
-->
Гарантираме дека повкусни копани кои толку лесно се вадат од коска и се топат во уста – не сте јаделе.
За љубителите на похувани јадења и комбинација од месо, кашкавал и компир – го имаме рецептот за вас.
-->
Вреди да се проба овој ручек и да го подготвите за најблиските. Верувајте, прсти ќе излижете!
Потребни состојки:
За месото:
- 4 лажици маслиново масло
- 6 копани без кожа
- 100ml бело вино
- 200ml пилешки бујон
- 2 рузмарин
- 4 чешниња лук, излупен
- 3 компири
- 230g рендано моцарела сирење, или кашкавал
- Сол и бибер
За похување:
- 300g брашно
- 1 лажичка црвен пипер
- 1 лажичка сенф во прав (или други зачини по желба)
- 3 јајца, изматени
- 150g лебни трошки
Начин на подготовка:
- Зачинете ги копаните со сол и бибер и запржете ги на тавче.
- Истурете го белото вино и гответе 3-4 минути.
- Додадете го бујонот, рузмаринот и чешнињата лук. Поклопете со капак и оставете да се динста 45 минути.
- Намачкајте ги компирите со маслиново масло и замотајте ги во алуминиумска фолија, па така ставете ги да се печат на 200°С еден час.
- Извадете ги коските и исечкајте го месото ситно (може и со миксер или сечко), а коските чувајте ги настрана.
- Измешајте ги пилешкото месо со исечканите компири, зачини и кашкавал или моцарела и соединете ја смесата.
- Земете топчиња од смесата, сплескајте ги на рака, во средина поставете по една коска и замотајте повторно во форма на копани. Оставете да се оладат.
- Измешајте ги брашното и зачините за похување во еден сад, а во други два ставете ги посебно измаатените јајца и лебните трошки.
- Копаните потопете ги во сите три сада со следниот распоред – брашно, јајца, лебни трошки.
- Испржете ги копаните во повеќе загреан зејтин додека не станат златно-кафеави.
Видео постапка:
-->
-->
М. М. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг
Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин
Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Мафини од печени јајца - рецепт за поинаков, а вкусен појадок (или вечера)
Ви здодеа да јадете варени јајца или јајца на око, а сепак ги обожавате? Тогаш с...
4 рецепти кои може да ги направите со јајцата кои ви останаа од Велигден
Овие предлог рецепти ќе ви помогнат најдобро да ги искористите јајцата од велигд...