Брз ручек со макарони: Сочна медитеранска паста салата
-->
Доколку сте љубители на брзи, лесни и здрави оброци, оваа медитеранска салата ќе стане дел од вашето редовно мени.
Сочна, вкусна и многу хранлива, совршен спој на тестенини, свеж зеленчук, фета сирење и вкусен прелив од лимон и маслиново масло.
-->
Потребни состојки:
- 500g макарони по избор (најдобро фусили)
- 500g чери домати (или обични домати ситно сечкани)
- 180g маслинки
- 1 голем црвен кромид
- 2 китки свеж магдонос, ситно сечкан
- 50g фета сирење
За преливот:
- 1 свежо исцеден лимон
- ⅓ чаша девствено маслиново масло
- Сол и бибер по вкус
Начин на подготовка:
- Сварете ги макароните според упатството на ќесичката. Внимавајте да не ги преварите, со цел салатата да има текстура.
- Ситно исечкајте ги сите останати состојки – доматите, кромидот, маслинките, магдоносот.
- Сварените тестенини, откако ќе ги исцедите, измешајте ги добро со преливот, додека не се соединат и не ги впијат зачините. Оставете да се олади околу 10 минути.
- По 10 минути, додадете ги сите свежи сечкани состојки, освен фета сирењето. Повторно добро измешајте.
- На крајот додадете го фета сирењето и сервирајте.
-->
-->
(О)Милена | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Сочна паста со шери домати и фета сирење, во Air Fryer
Паста е секогаш одлична идеја, без оглед дали сакате макарони, шпагети или орзо....
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...