Хит рецепт на ТикТок – потпечени лепчиња со грчки јогурт, мед и овошје (видео)
-->
Ако наутро не ви се троши многу време во кујна, а сепак сакате хранлив и вкусен појадок, можеби ќе ви се допадне едноставниот рецепт што периодов го освои ТикТок.
Станува збор за благ оброк со двопек и грчки јогурт што изгледа превкусно. А, за да го направите ќе ви требаат само 10-тина минути.
-->
Потребни состојки:
- 2 парчиња леб
- 1 јајце
- 2 лажици грчки јогурт
- 1 лажичка мед
- Малку цимет
- Овошје по желба (како јагоди или малини)
Начин на подготовка:
- Во сад ставете ги јајцето, грчкиот јогурт, медот и цимет и добро измешајте ги за да добиете хомогена смеса.
- На двете парчиња леб направете мали вдлабнатини со помош на лажица.
- Истурете ја смесата во вдлабнатината и наредете го овошјето.
- Печете во загреана рерна од 8 до 10 минути.
- По печењето можете да додадете уште малку мед или шеќер во прав доколку сакате.
Начинот на подготовка можете да го погледнете на видеото во продолжение:
@good.food.gang tried the viral yogurt custard toast and it did not disappoint ??? #goodfoodgang #yogurttoast #custardtoast #healthybreakfastideas #crunchysnacks ♬ Breakin my heart - speedaudiios_
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти
Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...