„Тофифи“ торта – сладок десерт поради кој ќе ја прекршите секоја диета

Торта со тофи! Вкусна, преслатка, вистинска шеќерна бомба заради која ќе ја прекршите секоја диета.

Tofiifi-torta-01.jpg

Совршен спој на чоколадо, карамела и печени лешници на кој никој нема да остане рамнодушен.

Доколку ги обожавате карамелите со тофи, мора да ја направите што е можно поскоро.

Потребни состојки:

За кората

  • 100g путер (на собна температура)
  • 160g шеќер
  • Ванилин шеќер
  • 180g мазно брашно
  • 3 јајца
  • Прстофат сол
  • 40g какао + неколку лажици млака вода
  • 3-4 лажици вода

За сосот од карамела

  • 200g кристален шеќер
  • 200ml слатка павлака
  • 40g путер

За кремот

  • 200g млечна чоколада
  • 200g крем-сирење
  • За декорација - Тофифи карамели

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 180 степени.
  • Прво, направете го колачот. Изматете го путерот со шеќерот и ванилата. Додадете јајца и добро измешајте. Додадете брашно и сол и промешајте. На крајот, додадете го какаото кое претходно сте го раствориле во млака вода (смесата треба да е малку течна) и убаво измешајте и додадете уште неколку лажици вода.
  • Истурете ја смесата во подмачкан калап (со кружен пречник од 22 cm) и печете околу 20 минути. Проверете дали е испечена со помош на чепкалка. Колачот треба да биде „сунѓерест“ според текстурата, а со ладење малку ќе се стегне.
  • Како втор дел, направете го сосот од карамел. Во тавче растопете го шеќерот додека не добие златна боја, но внимавајте да не ви изгори.
  • Додадете ја павлаката и варете на тивок оган со постојано мешање додека целиот карамелизиран шеќер не се стопи во неа и не почне да се згуснува. На крајот, измешајте го путерот.
  • Кога карамелот ќе се олади, премачкајте го преку кората што веќе ја подготвивте и оставете убаво да се излади.
  • Како трет дел, растопете го чоколадото на пареа, кратко изладете го и додадете го крем сирењето. Добро измешајте и изладете.
  • Намачкајте го кремот врз карамелата и украсете со Тофифи карамели.

На здравје.

Tofiifi-torta (2).jpg

Tofiifi-torta (1).jpg

Tofiifi-torta (4).jpg

Tofiifi-torta (5).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg