Семеен рецепт за грчка баклава кој со години се чувал во тајност – чекор по чекор постапка

Новинарка одлучи да го сподели рецептот што со генерации се чувал како најголема тајна во нејзиното семејство со потекло од Грција. Како што вели, татко ѝ го научил рецептот од нејзиниот дедо кој имал слаткарница во Солун.

dedo-mi-imashe-dukjan-vo-solun-kako-ja-prigotvuvame-baklavata-so-generacii-01.jpg

Новинарката Анета Константинидес неодамна од татко ѝ го научила семејниот рецепт за подготвување традиционална грчка баклава, а за Insider го споделува во целост рецептот и процесот на подготвување.

Како што вели, дедо ѝ изработувал кори и татко ѝ пораснал гледајќи го како прави баклава и кадаиф во неговата слаткарница во Солун.

„Според семејните приказни, дедо ми всушност помогнал да се направат смрзнатите готови кори. Зошто не сум богата наследничка што се забавува со Парис Хилтон на јахта во Миконос навистина не знам, но сепак сум горда.

dedo-mi-imashe-dukjan-vo-solun-kako-ja-prigotvuvame-baklavata-so-generacii-02.jpg

Сите спомени на Божиќ вклучуваат баклава. За мене празниците не се целосни без неа. Затоа што татко ми неодамна ме научи како да ја подготвам и да ви покажам дека подготвувањето на баклавата е многу полесно отколку што ви се чини“ – вели таа.

Во продолжение проследете го семејниот рецепт за подготовка на грчка баклава:

Потребни состојки:

  • 450 g готови кори за баклава;
  • 250 g несолен путер;
  • 300 g сечкани ореви;
  • 500 g шеќер;
  • 50 g лебни трошки;
  • 1 голема лажица цимет;
  • сок од лимон.

Начин на подготовка:

  • На тивок оган во мало тенџере се топи путерот, но мора да се внимава да не загори.

    dedo-mi-imashe-dukjan-vo-solun-kako-ja-prigotvuvame-baklavata-so-generacii-03.jpg

  • Оревите се сечкаат во процесор за храна, но само на неколку секунди за да бидат во парченца, а не во прав. Доколку немате процесор за храна можете да ги исечкате со нож.
  • Во длабок сад се мешаат сечканите ореви, две големи лажици шеќер, цимет и лебните трошки.

    dedo-mi-imashe-dukjan-vo-solun-kako-ja-prigotvuvame-baklavata-so-generacii-04.jpg

  • Длабокиот плех што ќе се користи за баклава се става врз корите за да се измери големината на корите што ќе биде потребна и со остар нож се отстранува вишокот кори. Остатоците се тргаат настрана, тие ќе се искористат во средината на баклавата.

    dedo-mi-imashe-dukjan-vo-solun-kako-ja-prigotvuvame-baklavata-so-generacii-05.jpg

    dedo-mi-imashe-dukjan-vo-solun-kako-ja-prigotvuvame-baklavata-so-generacii-06.jpg

  • Плехот се премачкува со тенок слој путер.
  • Се ставаат по две кори на премачканиот плех и секогаш втората се премачкува со малку путер.

    dedo-mi-imashe-dukjan-vo-solun-kako-ja-prigotvuvame-baklavata-so-generacii-09.jpg

  • Кога ќе се наредат вкупно шест кори (од кои втората секогаш е премачкана со путер) по целата кора се распоредува филот од ореви и лебни трошки.

    dedo-mi-imashe-dukjan-vo-solun-kako-ja-prigotvuvame-baklavata-so-generacii-10.jpg

  • Повторно се ставаат по две кори од кои секоја втора се премачкува со путер, а на шестата кора повторно се става од филот со ореви.
  • Кога ќе се дојде на средината од баклавата, се искористат остатоците од корите што останале при одредувањето на големината според плехот. 

    dedo-mi-imashe-dukjan-vo-solun-kako-ja-prigotvuvame-baklavata-so-generacii-11.jpg
  • Лентите се распоредуваат една до друга (за да формираат цела кора), при што повторно секој втор слој се премачкува со путер.
  • На средината се става малку повеќе од филот.
  • Баклавата се покрива со остатокот од корите и повторно важи правилото секоја втора да се премачкува со путер.
  • Последната кора треба убаво да се премачка со путер, а особено да се нанесе на краевите за да не загорат.

    dedo-mi-imashe-dukjan-vo-solun-kako-ja-prigotvuvame-baklavata-so-generacii-12.jpg

  • Со остар нож баклавата прво се сече на квадрати, а потоа со дијагонално засекување се прават триаголници.

    dedo-mi-imashe-dukjan-vo-solun-kako-ja-prigotvuvame-baklavata-so-generacii-13.jpg
    dedo-mi-imashe-dukjan-vo-solun-kako-ja-prigotvuvame-baklavata-so-generacii-14.jpg

  • Баклавата се пече на температура од 180 степени Целзиусови додека не добие златно-кафеава боја или околу 45 до 55 минути.

    dedo-mi-imashe-dukjan-vo-solun-kako-ja-prigotvuvame-baklavata-so-generacii-15.jpg

  • За шербетот потребно е во тенџере да се промешаат 400 g шеќер со 250 ml вода и се додава малку сок од лимон и смесата се става да се вари на тивок оган.
  • Шербетот се меша постојано додека не почне да врие.
  • Откако ќе врие околу една минута веднаш се трга од оган.

    dedo-mi-imashe-dukjan-vo-solun-kako-ja-prigotvuvame-baklavata-so-generacii-16.jpg

  • Баклавата треба да биде ладна и се прелева со топол шербет со помош на црпалка рамномерно врз сите парчиња.
  • По ова баклавата се прекрива со алуминиумска фолија и се остава да одмори 30-тина минути.

dedo-mi-imashe-dukjan-vo-solun-kako-ja-prigotvuvame-baklavata-so-generacii-18.jpg

dedo-mi-imashe-dukjan-vo-solun-kako-ja-prigotvuvame-baklavata-so-generacii-19.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за вртена пита со паричка за Василица од готови кори Рецепт што ќе им се допадне на младите, но и на искусните домаќинки. Како да под...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg