Најлесните колачиња за празничната трпеза – чоколадни ежиња со ореви
-->
Овие колачиња се вкусни, а и мошне добро изгледаат. Освен што се лесни за подготовка, забавни се за правење, а ќе внесат шаренило и на вашата трпеза.
Ежињата се подготвуваат слично како бомбици, со таа разлика што ќе биде потребно да ги испечете и да потрошите време на декорација, но забавни се за подготвување, а особено ќе ги израдуваат и најмалите членови во семејството.
-->
Потребни состојки:
- 75 g путер (мек)
- 50g шеќер
- ½ лажичка екстракт од ванила
- 90g брашно
- 90g мелени ореви
- прстофат сол
- 200g чоколадо за готвење (или чоколадни трошки за топење)
- Чоколадни трошки за декорација
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови;
- Путерот и шеќерот се матат со миксер додека не се добие еднолична смеса.
- Во путерот и шеќерот се додава екстрактот од ванила и се мати уште кратко време.
- Во посебен сад се мешаат брашното, мелените ореви и солта.
- Постепено, сувите состојки се додаваат во смесата од путер и шеќер и се мешаат додека не се добие меко тесто.
- Се зема по една лажичка од готовото тесто и се обликува во топче, а потоа со прстите се истегнува горниот дел за да се формира носето на ежот.
- Готовите топчиња се ставаат на претходно обложен плех и се печат околу 12 до 15 минути на 180 степени Целзиусови или додека не добијат златно кафеава боја.
- Колачињата се вадат од рерна и се оставаат да се оладат.
- Чоколадните трошки или чоколадото за готвење се топат и задниот дел на секое од ежињата се потопува во него.
- Додека сè уште е топло чоколадото, ежето се декорира со чоколадни трошки за да се добијат боцките.
- Со чепкалка за заби и со течното чоколадо се цртаат очиња и носе и ежето е готово.
Деталното упатство за подготовка погледнете го во приложеното видео:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Чоколадни бомбици од смеса за готова торта
Со смеса за чоколадна торта за час ќе направите супер десерт - вкусни бомбици со...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Нова верзија на рецептот на баба: Омилените божиќни гурабии со ванила и ореви
Се сеќавате на вкусните колачиња што буквално ви се топат во уста? Меки и полнет...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза
Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет
Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
-->
-->