Божиќни колачиња со мармалад и бадеми – потсетуваат на детство кај баба
Овие божиќни колачиња со путер и мармалад мошне потсетуваат на оние што ги подготвуваа нашите баби, но имаат и една тајна состојка – мелени бадеми. Лесно се подготвуваат, а совршено се вклопуваат со чај или со филџан кафе.
Речиси сите сакаме да подготвуваме разни видови колачиња во кои можеме да уживаме со чај или кафе.
Овие колачиња се мошне лесни за подготовка, а ќе ви бидат потребни околу 25 минути за да ги подготвите.
Овој рецепт можете да го искористите доколку сакате да правите колачиња дома заедно со најмалите и да уживате во претпразничната атмосфера.
Можете да изберете најразлични облици, а исто така можете да ги намачкате со вашиот омилен мармалад.
Потребни состојки:
- 200g путер, на собна температура;
- 300g пченично бело брашно;
- 1 прстофат сол;
- 100g мелени бадеми (лупени);
- 150g шеќер;
- 1 ќесичка ванилин шеќер;
- 2 јајца со средна големина;
- 200g мармалад;
- Шеќер во прав (за декорација)
Начин на подготовка:
- Парчињата путер, брашното, солта, мелените бадеми, шеќерот и јајцата се ставаат во подлабок сад.
- Состојките се миксираат додека смесата да стане мазно тесто и се остава да одмори на ладно место околу 30-тина минути.
- На набрашнета површина тестото се тегне со сукало да се добие кора со дебелина од околу 5 mm.
- Се пушта рерната да се загрее на температура од 180 степени Целзиусови.
- Со чаша (со дијаметар од околу 4 cm) се вадат кругови и се ставаат на плех обложен со харитија за печење.
- На половина од круговите им се прават дополнителни помали отвори во средината (со дијаметар од околу 1,5 cm).
- Колачињата се печат во претходно загреаната рерна, на температура од 180 степени Целзиусови, околу 8 до 10 минути, или додека не добијат златно-жолтеникава боја.
- По ова готовите колачиња се вадат од рерна и се оставаат да се оладат во целост.
- Круговите што немаат дупки на средината се премачкуваат со мармалад, а круговите со дупчиња се користат како капачиња.
- Пред послужување, готовите колачиња се посипуваат со шеќер во прав.
Деталното упатство за подготовка погледнете го во видеото:
Б. С. Б. | Црнобело