По рецептот на баба: Посна вртена пита со кисела зелка и готови кори
-->
Вкусна пита со кисела зелка, по рецептот на баба. Можете да ја подготвите со готови кори, па ќе заштедите време на месење и сукање.
Денес ретко кој сука кори, па практикуваме да подготвуваме месени јадења со готови кори. Во продолжение погледнете како можете да подготвите вкусна вртена пита (зелник) со готови кори.
-->
Во голема мера рецептот за подготовка на овој зелник не се разликува од оној на нашите баби, единствено ќе заштедите време на месење тесто и сукање кори.
Потребни состојки:
- 1 поголема кисела зелка
- 1 страк праз
- Сол
- Црн пипер
- 50 ml минерална вода
- 50 ml масло за јадење
Начин на подготовка:
- Киселата зелка се сечка на ситни парчиња и се процедува од вишокот течност.
- Празот се сечка ситно и се става да се пропржи во подлабока тава на средна температура. Кога ќе омекне празот се додава и процедената кисела зелка.
- Зелката и празот се мешаат и се оставаат да се пропржат на тивок оган. Доколку има потреба може малку да додадете сол во филот и црн бибер.
- Кога зелката и празот убаво ќе омекнат се тргаат од оган и се оставаат да се оладат.
- Се пушта рерната да се загрее на температура од 180 степени Целзиусови.
- Во чаша или во друг подлабок сад се мешаат минералната вода и маслото за јадење.
- Се зема една од готовите кори и се прска со мешавина од минерална вода и масло за јадење, а потоа врз неа се става уште една кора.
- На средина на двете кори се става фил од кисела зелка и праз.
- Корите се превиткуваат на половина, а потоа се виткаат во ролат. Ролатот се реди во круг и се става на претходно обложен плех со хартија за печење.
- Постапката со корите се повторува сѐ додека не се потрошат сите кори, а ролатите се редат кружно еден до друг за да се добие пита.
- Готовата пита се попрскува со остатокот од мешавината од масло и минерална вода.
- Питата се пече на температура од 180 степени Целзиусови околу 30 до 35 минути или додека питата не порумени.
- Извадете го зелникот од рерна, оставете да се олади 10-тина минути, а потоа можете да го сервирате.
Б. С. Б. | Црнобело/ фото: depositphotos.com
Би можело да ве интересира:
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
3 рецепти за деновите кога постите без масло
Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг
Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Рецепт за вртена пита со паричка за Василица од готови кори
Рецепт што ќе им се допадне на младите, но и на искусните домаќинки. Како да под...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
-->
-->