Млекото од компири е нов хит– како да го направите сами овој растителен напиток?

Навикнати сме на разни видови растителни млека, соино, бадемово, кокосово... меѓутоа од неодамна се појави нов напиток кој полека, но сигурно станува хит.

pozdravo-od-kokosovo-i-bademovo-kako-sami-da-napravite-mleko-od-kompir-1.jpg

Се работи за млеко од компири, кое не содржи алергени.

Погодно е за оние кои се чувствителни на лактоза, глутен и јаткасти плодови. Има помалку маснотии и шеќери, а богато е со калциум.

Помага за подобро да ја варите храната, посебно ако имате проблеми со честа подуеност на стомакот. Исто така е одличен извор на влакна, витамин Б12 и железо.

pozdravo-od-kokosovo-i-bademovo-kako-sami-da-napravite-mleko-od-kompir-2.jpg

Како да го направите сами млекото од компири?

  • Излупете неколку компири и сварете ги. Разладете ги и потоа ставете ги во блендер.
  • Додадете им вода додека не бидат покриени до половина и малку мелени бадеми, по желба.
  • Додадете малку сол и природен засладувач. По желба, додадете и малку екстракт од ванила.
  • Заедно изблендирајте и ставете ја течноста во стаклено шише.

Млекото чувајте го во фрижидер и користете го во рок од 2-3 денa.

pozdravo-od-kokosovo-i-bademovo-kako-sami-da-napravite-mleko-od-kompir-3.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а е омилен им е на сите оние шт...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум. Лесен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg