Хот-дог на нов, неодолив начин – со мелено месо и растопен кашкавал

Лесни се за подготвување, нема да ви требаат премногу состојки, а дефинитивно ќе подготвите вкусна домашна брза храна.

domashen-recept-za-vkusna-brza-hrana-hot-dog-so-uvijachi-od-meleno-meso-i-rastopen-kashkaval-01.jpg

Хот-догот со полнети „уштипци“ наместо виршли се одлични за викенд-мени, а сите ќе бараат репете.

Потребни состојки:

  • 500g мелено телешко месо
  • 1 голема лажица сол
  • ½ лажица лук во прав
  • 1 голема лажица црн бибер
  • 4 парчиња кашкавал
  • 8 парчиња сланина
  • Масло за пржење
  • Лепчиња за хот-дог
  • Кечап и сенф

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад се мешаат меленото месо, солта, црниот бибер и лукот во прав.
  • Од подготвената смеса се прават плескавици и во секоја од нив се става по едно парче кашкавал. Плескавиците се виткаат во ролни околу кашкавалот.
  • Ролните од мелено месо и кашкавал се виткаат во две парчиња сланина (погледнете во видеото).
  • Парчињата месо се пржат во тава со нелепливо дно сè додека сланината не добие златно-кафеава боја, а кашкавалот почне да се топи.
  • Месото ставете го во лепчиња за хот-дог и додадете кечап и сенф.

Деталнo начинот на подготовка можете да го погледнете во видеото:

View this post on Instagram

A post shared by Twisted (@twisted)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брза пилешка салата – идеално мезе кога чекате гости Заради овој рецепт секогаш ќе практикувате да имате дома пилешко месо и крастави...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Лесен рецепт за брза вечера: Пита од тортиљи со растопен кашкавал и шунка Мека пита со парченца шунка и растопен кашкавал, без месење, тегнење и чекање......
Брз викенд ручек за гурмани: Потпечени плескавици со растопен кашкавал Што да подготвите ако дома имате компир, мелено месо и моркови? Може да си напра...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg