Нема да им одолеете – Здрави брауни колачиња од тиква

Тиквите ги обожаваме, затоа што се здрави и вкусни, а може да се направат на повеќе начини и да се искористат во слатки и солени рецепти.

Zdravi-brauni-kolacinja-od-tikva-01.jpg

Овојпат за вас имаме здрав, сладок рецепт кој ќе ве инспирира да го направите веднаш, генерално поради нискиот број на калории, но и поради вкусот. 

Направете брауни колачиња со тиква, уште денес:

Потребни состојки:

  • 1 шолја (од 250 ml) варена тиква
  • 100 gr мелени овесни снегулки
  • 2 лажици путер од кикиритки (или лешник или бадем, по вкус)
  • 2 лажици мед (или агаве сируп)
  • 2 лажици какао (доколку не додавате протеински прашок тогаш нека бидат 3)
  • 2 лажици протеински прашок од чоколадо (само доколку имате или имате желба десертот да е уште поздрав)
  • 1 ќесичка цимет
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • Доколку смесата ви е малку сува, слободно може да додадете 1-3 лажици млеко (обично, без лактоза или растително, по вкус)

Начин на подготовка:

  • Сите горенаведени состојки ги мешате во подлабок сад додека смесата убаво не се соедини.
  • Доколку сметате дека смесата е премногу сува за ваш вкус, слободно додадете неколку лажици млеко.
  • Во тава, обложена со хартија за печење, истурете ја смесата.
  • Печете во загреана рерна на 180 степени околу 15-20 минути.
  • Проверете со чепкалка дали брауни колачињата се добро испечени и дозволете да се оладат пред послужување.

Zdravi-brauni-kolacinja-od-tikva (1).jpg

Zdravi-brauni-kolacinja-od-tikva (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Направете вкусна мусака со модри домати, по грчки рецепт Ако сте расположени за традиционален ручек, но ви се здосадени секојдневните рец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg