Два брзински колачи кои не се печат – идеални за ненајавени гости
-->
Брзите колачиња кои не се печат веројатно се едни од омилените на модерните домаќинки. Може да се пофалат дека направиле нешто домашно, а сепак брзо.
Овие два рецепта ќе ви се најдат кога немате ништо слатко за послужување, а на врата ѕвонат ненајавени гости:
-->
1. Мрзлив чоколаден колач
Потребни состојки:
- 600ml павлака за готвење
- 700g чоколадо
- Омилените бисквити
Подготовка:
- За почеток, чоколадото се топи, па се меша со изматената павлака во облик на шлаг, додека не се соединат во една смеса.
- Бисквитите се кршат на ситни парчиња и се додаваат во смесата. Добро промешајте.
- Префрлете ја добиената смеса во подмачкан калап или обложен со мрсна хартија и замрзнете неколку часа.
2. Домашно Тоблероне
Потребни состојки:
- ½ шолја путер
- 2/3 шолја темно чоколадо
- 1 ½ шолја мелени лешници
- 1 шолја исечкани лешници
- 8 лажици вода
- 1 шолја шеќер во прав
*мерката е шолја од 250ml.
Подготовка:
- Растопете го шеќерот во водата, па потоа во нив стопете го и путерот. Додајте го чоколадото. Промешајте.
- Кога чоколадото ќе се растопи, ставете ги и лешниците. Од смесата обликувајте триаголник со помош на алуминиумска фолија.
- Замрзнете ја смесата неколку часа, па сечете ја на тенки парчиња.
М. Д. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Здрава ресана торта, подготвена во блендер
Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Чоколадни бомбици од смеса за готова торта
Со смеса за чоколадна торта за час ќе направите супер десерт - вкусни бомбици со...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за колач со кокос и плазма, без печење
Овој брз десерт без печење им успева на сите, дури и на оние што не ги „бива“ во...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
-->