Рецепт за крем од варени костени – вкусот на есента
-->
Зад називот crème de marrons се крие традиционален француски намаз од костени, кој едноставно мора да го пробате намачкан на палачинки, парче леб или вкусни кекси.
Потребни состојки:
- 1kg костени
- 250ml вода
- 250g шеќер
- 1 лажица екстракт од ванила
- Малку сол
Подотовка:
- Прво испечете ги костените, па потоа излупете ги.
- Префрлете ги во тенџере, прелијте со 2-3 прста вода и оставете да зовријат. Варете ги 15 минути на тивок оган, со повремено мешање.
- Во друг сад помешајте ја водата со шеќерот и гответе на тивок оган, додека не добиете шербет.
- Костените исцедете ги, ставете ги во бленер и заедно со ¼ од шеќерниот шербет изблендирајте. Може да користите и миксер.
- Сега добиениот крем префрлете го во остатокот од шербетот, додадете прстофат сол и екстрактот од ванила, па варете со постојано мешање додека кремот не се згусне.
- Чувајте го кремот во стаклена тегла, на ладно и суво место.
-->
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 рецепти за деновите кога постите без масло
Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг
Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...