Преклопени тортилји со пилешко, од кои тече растопен кашкавал

Вкусен и сочен оброк за сите оние што сакаат зачинета и лута храна, а дополнително и комбинација на пилешко со растопен кашкавал. 

za-ljubitelite-na-zachineta-hrana-vkusni-tortilji-so-rastopen-kashkaval-01.jpg

Потребни ви се готови тортилји, кои ќе ги наполните со претходно подготвено месо и зеленчук и ќе ги печете завиткани како мини врапови. 

Потребни состојки:

  • 3 парчиња пилешки гради, исечкани
  • 8 големи тортилји
  • 250g рендан кашкавал (чедар)
  • 1 голема лажица сол
  • 1 голема лажица сок од лимон
  • 2 големи лажици фахита зачин (или мешавина од разни зачини)
  • 1 лута пиперка, исечкана
  • 2 чешниња лук, ситно исечкани
  • 3 црвени пиперки исечкани на ленти
  • 2 главици кромид, ситно исечкани
  • 3 лажици масло
  • 120 ml пиво
  • Кисела павлака и салса сос за декорација.

za-ljubitelite-na-zachineta-hrana-vkusni-tortilji-so-rastopen-kashkaval-02.jpg

Начин на подготовка:

  • Во подлабок сад се става исечканото пилешко месо, сокот од лимон, 1 голема лажица сол, 1 голема лажица масло, фахита мешавина од зачини и сечкана лута пиперка, па и сите состојки се мешаат добро.
  • Садот се покрива со фолија и се остава да се маринира околу 1 час на собна температура.
  • Во тава се загреваат околу 3 големи лажици масло на средна температура.
  • Се додаваат исечканите црвени пиперки, кромидот и 1 супена лажица сол и се пржат околу 15 минути со постојано мешање. Потоа се додава лук и се пржи уште кратко.
  • Се додава пилешкото заедно со маринадата и се пржи додека месото добие боја и на крај се додава и пивото.
  • Филот се распоредува во сите тортилји и врз филот се додава околу една лажица рендан кашкавал, па се виткаат од сите страни.
  • Замотаните тортиљи се распоредуваат врз плех (на хартија за печење) и врз нив се додава уште рендан кашкавал.
  • Се става да се потпече уште околу 20 минути на 180 степени Целзиусови.

Детално упатство погледнете во видеото:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg