Рецепт за кремасти компири со растопен кашкавал – сочни и неодоливи
Велат дека мусака не се прави без месо, но дали е така? Еве еден интересен рецепт за лесна мусака без месо, за која нема да има потреба да подготвувате фил.
Компири потопени во кремаст сос и запечени со кашкавал - однадвор крцкави, внатре меки и сочни, за љубителите на рецепти со компир.
Состојки:
- 700g компири
- 500 ml млеко
- 5g сол
- 5g мешавина од сушени зачини (рузмарин, мајчина душица, босилек)
- 5g црн бибер
- 150g – кашкавал
Подготовка:
- Компирите се мијат убаво и се лупат, па се сечат на крукчиња.
- Компирите и млекото се ставаат во подлабока тава. Се зачинуваат и се ставаат да вријат околу 20 минути.
- Готовите компири се префрлаат во сад за печење и врз нив се ренда кашкавал.
- Во загреана рерна печете 10-тина минути на температура од 200 степени Целзиусови.
Деталниот начин на подготовка можете да го погледнете во видеото:
Amazing DINNER using 3 ingredients! I don’t need MEATAmazing DINNER using 3 ingredients! I don’t need MEAT Ingredients: potatoes - 700 g (24.69 oz) milk - 500 ml (16.9 fl oz) salt - 5 g (0.18 oz) herbs of Provence - 5 g (0.18 oz) black pepper - 2 g (0.07 oz) pressed cheese - 150 g (5.3 oz) Tray size 13 cm x 25 cm (5 in x 10 in) TO BOIL 20 minutes IN THE OVEN 200 °C (392 °F)/10 minutes
Posted by Appetizing.tv on Wednesday, October 20, 2021
Б. С. Б. | Црнобело