Направете си дома Kinder крем со само 5 состојки – неодолив за палачинки
-->
Kinder кремот на кој нема да можете да му одолеете, веројатно ќе почнете да го правите веднаш штом го видите како изгледа на слика.
Домашно подготвената верзија е повеќе од лесна и едноставна, па затоа ја пренесуваме:
-->
Може да се користи како намаз за палачинки, како прелив, во торти и колачи, но се јаде и само со лажица.
Потребни состојки:
- 200g печени лешници
- 200g квалитетно бело чоколадо
- 100g Kinder чоколадо
- 3 мали лажички кокосово масло
- Малку сол
Начин на подготовка:
- Во блендер сомелете ги печените лешници, додека не почне да ги испуштаат маслата во него, а потоа додадете го и кокосовото масло.
- Растопете ги чоколадите и малку оладете ги, па потоа додадете ги во смесата. Ставете и неколку зрна сол, па соединете ги состојките со уште неколку секунди блендирање.
- Ставете го кремот во стаклена тегла и чувајте во фрижидер.
М. Д. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер
Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
-->