Рецепт за крцкави и сочни ролатчиња со месо - од готови кори, без месење
-->
Не мора да бидете експерт за сукање и за подготвување тестенини за да можете да ја приготвите оваа брза и вкусна пита со месо. Потребно ви е малку трпение за да подготвите вкусна пита што ќе му се допадне на целото семејство.
Најдоброто е што оваа пита се подготвува со готови кори, па нема да биде потребно да губите време на сукање и на месење.
-->
Потребни состојки:
- 500 g готови кори за пита
- 200 g мелено јунешко месо
- 2 поголеми главици кромид
- Сол, бибер
- 3 јајца
- ½ l јогурт со поголема густина
- 2 лажици брашно
- 1 лажичка прашок за печиво
- 2 dl масло за јадење
- Малку вода
Подготовка:
- Кромидот се сечка и се пропржува на две лажици претходно загреано масло за јадење.
- Се додава меленото месо и му се додава сол и бибер по вкус, па заедно се пржи на средна температура уште 15-тина минути.
- Во подлабок сад се матат јајцата, се додава јогурт, брашно и прашок за печиво. Во таа смеса се меша и прженото мелено месо, додека сите состојки не се соединат.
- Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови, а во меѓувреме премачкајте поголем плех со масло.
- Се зема една кора, се премачкува со малку масло, а врз неа се става уште една кора и повторно се премачкува со масло.
- На втората кора се става од филот со јогурт и со мелено месо и кората се витка во форма на ролат. Оваа постапка се повторува сè додека не се потроши целиот материјал.
- Ролатите се редат во плех и секој од нив треба да се попрска со малку вода и масло. Ролатите може да се редат еден до друг и да се сечат како мини ролнички или да се редат во круг за да добиете вртена пита.
- Ролатите сепечат 30 минути на температура од 200 степени, а потоа се намалува на 180 степени уште 15 минути, односно додека кората не порумени.
- Питата се вади од рерна и се остава да се олади. Се сече на парчиња по желба и се сервира со јогурт.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете
Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...