Рецепт за џем каков не сте пробале – од тиква и кокос

Како ви се чини идејата да го споите есенскиот вкус на тиква со неодоливата арома на кокос?

recept-za-dzem-kakov-ne-ste-probale-od-tikva-i-kokos-001.jpg

Нам ни звучи превкусно, па затоа го споделуваме рецептот.

Потребни состојки:

  • 500g тиква
  • 250ml незашеќерено кокосово млеко
  • 180g шеќер
  • Сок од ½ лимон + малку изрендана кора
  • 3 лажици кокосово брашно

Подготовка:

  • Лимонот измијте го и нарендајте малку од кората. Тиквата измијте ја, исчистете ја од семки и исечете ја на коцкички. Не мора да ја лупите.
  • Исечената тиква заедно со кокосовото млеко ставете ја во тенџере и варете 10-15 минути. Повремено мешајте.
  • Потоа, со миксер испасирајте ја тиквата, додадете го шеќерот, кокосот, изренданата кора од лимон и лимоновиот сок. Заедно варете околу 4-5 минути, со добро мешање.
  • Топлиот џем ставете го во чисти, стерилизирани тегли и добро затворете.
  • Модерната слатка зимница може да се комбинира со обично лепче и путер, со разни колачиња и суви пандишпани, а добро се сложува дури и со вкусот на крем-сирење.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg