Есенско колаче од една смеса, прелиено со чоколадо
-->
Есенско колаче кое на сладок начин ќе ја најави новата сезона...
Испробајте го овој ароматичен рецепт кој е комбинација од јаболка, ореви, цимет, рум и чоколадо.
-->
Потребни состојки:
- 120g мелени ореви
- 200g крупно нарендани јаболка
- 200g шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 150ml масло
- 250ml млеко
- 320g гриз
- 80g суво грозје
- 1 лажичка цимет
- 1 лажичка рум
За глазура:
- 100g чоколадо за готвење
- Малку путер (околу 30g)
Начин на подготовка:
- Сите состојки за колачот измешајте ги во еден длабок сад, па прелијте ги во калап за печење, кој претходно ќе го намачкате со малку масло или путер.
- Колачот се пече на 20-25 минути на температура околу 170-180 степени Целзиусови.
- По печењето, добро оладете го колачот и потоа прелијте го со глазурата од топено чоколадо и малку путер.
Служете го колачот со шолја кафе или чај.
М. Д. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер
Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
-->