Султан обланди – Старински колач кој се топи во уста

Лесно и брзо се подготвуваат, а вкусот на карамела помеѓу две крцкави обланди е фантазија.

sultan-oblandi-starinski-kolac-koj-se-topi-vo-usta-01.jpg

Обландите со фил се старински колач кој веројатно ќе ве потсети на вашата мајка или баба, а сега може да ги направите дури и ако сте почетник

Потребни состојки:

  • 2 листа големи обланди
  • 300 + 200 g шеќер
  • 250g путер
  • 3 јајца
  • 200g  суво грозје
  • 200g блендирани или сечкани ореви
  • 300g мелени бисквити
  • 100g чоколадо
  • 3 лажици масло

sultan-oblandi-starinski-kolac-koj-se-topi-vo-usta-02.jpg

Подготовка:

  • Во големо тенџере ставете 300 грама од шеќерот, па на тивок оган стопете го.
  • Остатокот од шеќерот изматете го со јајцата. Иситнете го путерот.
  • Кога шеќерот ќе се стопи, додадете го путерот и мешајте. По 5 минути, додадете ги и матените јајца. Варете го кремот околу 10 минути, додека не добие карамела нијанса.
  • Тргнете од оган и додадете ги останатите состојки – ореви, суво грозје и бисквитите. Мешајте да се соедини и оставете да се олади 15 минути.
  • Целата смеса, откако добро ќе се олади, на собна температура, истурете ја врз една обланда. Поклопете со втората обланда и ставете нешто тешко, за да се залепи.
  • Кога ќе се излади, прелијте со 100g стопено чоколадо во кое ќе додадете 3 лажици масло.

sultan-oblandi-starinski-kolac-koj-se-topi-vo-usta-03.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg