Богат вкус за оние со деликатно непце – салата од рукола, круши и сино сирење
-->
Сезоната на крушите сè уште е во тек, па слободно може да го искористите ова вкусно, хранливо овошје во неодолива салата.
Спојот на рукола, сино сирење и ореви е фантастичен. Еве што друго ќе ви биде потребно и како се подготвува вашата нова, омилена, летна салата:
-->
Потребни состојки:
- 2 круши
- 250 gr свежа рукола
- 150 gr сино (мувлосано) сирење (доколку не го сакате вкусот на ова сирење, слободно заменете го со козјо сирење)
- 1 рака ореви
- сол и црн бибер
- 2 лажици маслиново масло
- 2 лажици балсамико оцет
- 1 лажичка сусам
Начин на подготовка:
Добро измијте ја руколата и исцедете ја.
Исечете го сирењето на коцки. Крушите може да ги исечете исто така на коцки или по должина, онака како што вам ви одговара повеќе.
Во подлабок сад измешајте ги главните состојки. Зачинете ја салатата со сол, бибер, маслиново масло и балсамиран оцет.
На крајот додадете малку потпечен сусам.
-->
-->
(О)Милена | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг
Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за нудли со сусам и лук, совршен брз ручек за постите
Гладни сте и сакате да јадете нешто топло, но да го подготвите набрзина? За овој...
Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина
Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...