Импровизиран појадок: Багет полнет со јајца и состојки кои ви се останати дома

Кога немате голем избор за појадок дома, а ви се јаде нешто вкусно, овој рецепт е идеален – наполнете багет со сите состојки од фрижидер и испечете го. 

imoroviziran-pojadok-baget-polnet-so-jajca-i-sostojki-koi-vi-se-ostanati-doma-01.jpg

На сите ни се случило да ни се смачи од секојдневниот појадок и да посакаме да пробаме нешто ново.

Но, кога немате многу опции, зошто да не пробате да ги споите сите состојки од фрижидерот во едно?

Потребен ви е багет, јајца и зеленчук со додатоци по желба – ќе добиете вкусни зачиња.

Потребни состојки (може да се менуваат зависно од тоа што имате):

  • Багет
  • Црвена пиперка
  • Зелена пиперка
  • Тиквички
  • 5 јајца
  • Сол, бибер
  • Кашкавал
  • Сирење

Начин на подготовка:

  • Исечете го горниот дел на багетот во средината.
  • Изматете ги јајцата и измешајте ги со сите состојки кои сакате да ги има во оброкот.
  • Истурете ја смесата во средината на багерот.
  • Печете 25 минути на 180 степени Целзиусови, а кога ќе се испече исечете на парчиња.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg