Викенд ручек: Кесадиља полнета со поховано пилешко и растопен кашкавал
-->
Без двоумење одлучете се викендов да го пробате овој вкусен ручек на кој никој нема да одолее и сите ќе бараат парче плус!
Ова е веројатно совршениот ручек за оние кои уживаат во богати вкусови.
-->
Ако сте расположени да поминете малку повеќе време во кујна, но да понудите неодолив ручек, го имаме рецептот за вас.
Потребни состојки:
- 100g брашно
- 3 јајца, изматени со малку млеко
- 200g лебни трошки
- 3 парчиња пилешки гради
- Тортиљи
- Кашкавал
- Шунка или друга салама по избор
Начин на подготовка:
- Пилешкото испохувајте го така што ќе го ставите секое парче во брашно, па во јајца, па во лебни трошки, а на крај испржете го во загреан зејтин.
- Наредете тортиљи пресечени на половина по страните на плехот, а во средина ставете две цели тортиљи.
- Врз тортиљите наредете го кашкавалот, па пилешкото месо, па шунката и на крај повторно прекријте со слој тортиљи.
- Печете 20 минути на 180 степени Целзиусови.
Детална постапка:
-->
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Вкусен колач со боровинки и лимон
Ако немате свежи боровинки можете да користите и смрзнати, но вкусот на колачот ...
Вкусен десерт: Чурос залчиња со цимет и путер
Чурос потсетуваат на тулумби, а сепак не се. Но овие мали залчиња се превкусни и...
Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок
Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...
Колач со вишни, по рецептот на нашите баби
Ако носталгијата има мирис и вкус, тогаш сигурно потсетува на колачот со вишни ш...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан
Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
-->