Брз, вкусен ручек за на работа или дома – пилешки врап на италијански начин
Во најголемиот дел од времето сме во брзање, што значи дека не ни останува премногу време за готвење и подготовка на храна.
Но, ова е рецепт кој не вклучува трошење на премногу време или купување многу намирници. Се прави лесно и брзо, а ќе го направат дури и најмладите членови на семејството.
Ветуваме одличен вкус и многу репете тркалца.
Потребни состојки:
- 1 голема тортиља
- Црвено песто (или ајвар, по желба)
- 5-6 тенки парченца зготвено пилешко месо
- Свежа рукола или бејби спанаќ
- 2 парчиња кашкавал по избор
- 3-4 парчиња свежо сечкан домат
- Неколку маслинки, без семки
- Свежо сечкан црвен кромид
- Малку балсамиран оцет
Начин на подготовка:
Загрејте ја тортиљата на средна температура во тавче од двете страни.
Премачкајте ја со црвеното песто или ајварот и почнете да ги додавате состојките (кои секако може да варираат согласно личниот вкус). Додадете малку балсамиран оцет на крајот.
Фотката може да ви послужи како одличен пример за инспирација. Завиткајте ја наполнетата тортиља како палачинка и исечкајте кругови со дебелина од околу 2 цм.
Уживајте во вкусот и повторете го процесот со нова тортиља.
(О)Милена | Црнобело