Тоскански деликатес - фетучини со пилешко и сланина во кремаст сос
-->
Донесете го вкусот на Италија во вашата кујна. Вкусни фетучини во комбинација со пилешко, сланина, зеленчук и пармезан, споени во неодоливо богат, раскошен кремаст сос.
Потребни состојки:
- 340g тестенини фетучини
- 4 парчиња сланина ситно исечкана
- 450g бело пилешко месо, исечено на ленти
- 2 чешниња лук, ситно сечкан
- 4 мали домати, исечкани
- 1 шолја неутрална павлака за готвење
- 150g бејби спанаќ
- ½ шолја рендан пармезан
- 3 лажици ситно сечкан свеж босилек
- Сол и црн бибер
Начин на подготовка:
- Сварете ги тестенините според упатството на пакетчето и исцедете ги од вишокот вода.
- Во меѓувреме, додека се варат, почнете со пржење на сланината во ладно, незагреано тавче на средна температура. Кога сланината ќе стане златна и крцкава (после 8 минути од прилика) префрлете ја во друг сад.
- Зачинете го пилешкото по желба и додадете го во тавчето каде што ја пржевте сланината. Откако ќе се зготви, префрлете го и пилешкото кај сланината.
- Во тавчето ставете го лукот и пропржете го околу 30 секунди додека не пушти малку мирис. Додадете ги доматите и павлаката за готвење и промешајте. Почекајте додека не почне да врие, па додадете го спанаќот и добро измешајте.
- На крајот додадете ја сланината, пилешкото и сварените фетучини. Дозволете тестенините добро да го впијат сосот и додадете рендан пармезан и свеж босилек.
-->
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
5 домашни сосови кои се одлична замена за мајонез
Се подготвуваат брзо, лесно, вкусни се и здрави и одлична замена се за мајонез.....
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Сочно пилешко во сос од сенф и кари
Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
Рецепт за домашен сос за скара - совршен за месо, но и за сендвичи
Овој сос може да го користите за јадења со месо, како пилешки крилца, свинско ме...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...